ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ ЗА

Судиска Комисија на КФСМ

Со почетоците на работата на тогашниот Кошаркарски Сојуз на Македонија, како дел од тогашниот Кошаркарски Сојуз на Југославија, започнува со работа и Судиската Комисија при КСМ, како стручна комисија под ингеренции на Управниот одбор на Сојузот.

Првиот натпревар на кои играле македонски екипи со македонски судии и делегат, е одигран на 27 август 1933 година.

Прв претседател на Судиска комисија на Македонија е Петар Димовски. Останати претседатели кои придонеле за развој на организацијата низ годините, како и за нејзините членови се : Панче Пандиловски, Благоја Ангеловски, Славе Анастасовски, Љубомир Фишиќ, Илија Димовски, Лазаревски Александар, Илија Павловски, Свето Поповски, Владимир Макревски, Драгиша Пиперковски, Борче Дојчиновски, Тони Угринов, Марјан Стојовски, Блаже Поповски, Сречко Хорват, Марјан Тодоровски, Бобан Јосифовски, Војо Дамјановиќ, Петар Денковски, Огнен Герасимовски, Слободан Тасевски, Владо Цветковски, Димитар Терзовски, Елена Велкоска.

Претставува огромна привилегија, но исто толкава одговорност, да се биде дел од една толку динамична, модерна и популарна спортска игра како кошарката.

Низ годините кошаркарската игра се менува, се развива, се динамизира, па наша обврска е соодветно да ги следиме овие процеси и да се адаптираме на новите современи трендови...

Нашата мисија е да бидеме непристрасен сервис на кошаркарските клубови, како би помогнале за успешно одиграни натпревари по претходно утврдени правила на игра.

Судиска комисија на КФСМ е тело кое работи кон поттикнување, унапредување и едуцирање на кошаркарски судии и делегати, ги штити и застапува интересите на своите членови во рамките на КФСМ, со цел развивање и унапредување на кошарката во целост.

Целите и задачите на членовите на КФСМ се секогаш насочени во интерес на организацијата и нејзините членови.

На 22-ри мај 1993 год. тогашниот КСМ доби прием со полноправно членство во ФИБА, а со тоа се отвари вратата на нашите судии и делегати да градат интернационална кариера.

Под капата на ФИБА И КФСМ изминатите години, како на национално така и на интернационално ниво бележат успеси, а за тоа говорат безброј натпревари на кои нашите арбитри ја делат правдата

ИСТОРИЈА НА

Кошаркарски судии и делегати на мегународна сцена

Прв кошаркарски судија од Македонија со знакот на ФИБА е Д-р Светислав Поповски во 1971 година.

По него во низа се редат:

Славе Анастасовски, Љубомир Фишиќ, Августин Гулески, Љупчо Ристовски, Југослав Диковски, Марјан Стојовски, Зоран Златевски, Јовица Крстевски, Марјан Мицевски, Петар Денковски, Александар Милојевиќ, Игор Митровски, Зоран Митровски, Александар Павлов, Алија Феревски, Иван Мијалковски, Александар Давидов, Томи Панов.

Фиба Комесари:

Славе Анастасовски, Љупчо Ристовски, Љубомир Фишиќ, Борче Дојчиновски, Антонио Угринов, Ѓорѓи Пиперков, Владимир Макревски, Марјан Тодоровски, Дејан Лекиќ, Ѓорѓе Воиновиќ, Владо Цветковски, Димитар Терзовски

ФИБА Национални инструктори: Борче Дојчиновски, Пиперков Ѓорѓи

Национален инструктор FRIP Level 1: Владо Цветаноски

ПОДДРЖУВАЧИ НА

СККФСМ