Ема Никочевиќ и Андреј Златевски, нови ФИБА Судии

Објавено на 03 Октомври, 2023
ФИБА Судии
...

Во „класата 2023“ на судискиот департмент на Светската кошаркарска федерација, се најдоа и имињата на двајца наши млади судии

А на семинарот во Загреб, реализиран во текот на минатиот месец, македонската кошарка стана побогата за уште двајца судии со беџот на Светската кошаркарска федерација.

Она што го „градеа“ во текот на изминатите три години, Андреј Златевски и Ема Никочевиќ го претворија во она што е сон на многу млади луѓе кои се определиле судењето да им биде една од главните преокупации во животниот век.

Она што обично се нарекува и „момент за историја“, е и фактот дека во Ема Никочевиќ, Македонија го доби својот прв женски арбитар од највисокиот ранг – ФИБА.>