Првиот натпревар на кои играле македонски екипи со македонски судии и делегат, е одигран на 27 август 1933 година.

Со почетоците на работата на тогашниот Кошаркарски Сојуз на Македонија, како дел од тогашниот Кошаркарски Сојуз на Југославија, започнува со работа и Судиската Комисија при КФСМ, како стручна комисија под ингеренции на Управниот одбор на Сојузот.

Прв претседател на Судиска комисија на Македонија е Петар Димовски. Останати претседатели кои придонеле за развој на организацијата низ годините, како и за нејзините членови се : Панче Пандиловски, Благоја Ангеловски, Славе Анастасовски, Љубомир Фишиќ, Илија Димовски, Лазаревски Александар, Илија Павловски, Свето Поповски, Владимир Макревски, Драгиша Пиперковски, Борче Дојчиновски, Тони Угринов, Марјан Стојовски, Блаже Поповски, Сречко Хорват, Марјан Тодоровски, Бобан Јосифовски, Војо Дамјановиќ, Петар Денковски, Огнен Герасимовски, Слободан Тасевски, Владо Цветковски, Димитар Терзовски, Елена Велкоска, Алија Феревски

  • Претставува огромна привилегија, но исто толкава одговорност, да се биде дел од една толку динамична, модерна и популарна спортска игра како кошарката.
  • Нашата мисија е да бидеме непристрасен сервис на кошаркарските клубови, како би помогнале за успешно одиграни натпревари по претходно утврдени правила на игра.
  • Целите и задачите на членовите на КФСМ се секогаш насочени во интерес на организацијата и нејзините членови.

На 22-ри мај 1993 год. тогашниот КСМ доби прием со полноправно членство во ФИБА, а со тоа се отвари вратата на нашите судии и делегати да градат интернационална кариера.

Под капата на ФИБА И КФСМ изминатите години, како на национално така и на интернационално ниво бележат успеси, а за тоа говорат безброј натпревари на кои нашите арбитри ја делат правдата.

ФИБА Судии

Светислав Поповски, Славе Анастасовски, Љубомир Фишиќ, Августин Гулески, Љупчо Ристовски, Југослав Диковски, Марјан Стојовски, Зоран Златевски, Јовица Крстевски, Марјан Мицевски, Петар Денковски, Александар Милојевиќ, Игор Митровски, Зоран Митровски, Александар Павлов, Алија Феревски, Иван Мијалковски, Александар Давидов, Томи Панов

ФИБА Делегати

Славе Анастасовски, Љупчо Ристовски, Љубомир Фишиќ, Борче Дојчиновски, Антонио Угринов, Ѓорѓи Пиперков, Владимир Макревски, Марјан Тодоровски, Дејан Лекиќ, Ѓорѓе Воиновиќ, Владо Цветковски, Димитар Терзовски

ФИБА Инстурктори

Борче Дојчиновски, Пиперков Ѓорѓи

ФРИП Инструктор левел 1

Владо Цветаноски