СУДИСКАТА КОМИСИЈА ОРГАНИЗИРА ПРЕТСЕЗОНСКИ СУДИСКИ ВЕБИНАР

Викендов, во улога на гости-предавачи ќе бидат Даворин Накиќ, Миодраг Личина, Александар Глишиќ, Андреј Јелен, Адемир Зураповиќ

...
Судиската комисија продолжува со своите вонсезонски активности. На ред доаѓа, се лини, оној најважен сегмент, подготовките и организацијата на претсезонскиот судиски вебинар. За жал, оваа година, поради пандемијата која ја предизвика присуството на вирусот КОВИД-19, истиот ќе биде реализиран онлајн, со користење на ЗООМ апликацијата која гостите на семинарот ќе „ги спои“ со нашиот судиско-делегатски кадар. Покрај онлајн-предавањата на неколку наши ФИБА судии, како Александар Милојевиќ, Игор Митровски, Иван Мијалковски, и националниот ФИБА-инструктор, Ѓорѓи Пиперков, комисијата се погрижи како гости-предавачи да ги ангажира Даворин Накиќ, Миодраг Личина, Александар Глишиќ, Андреј Јелен и Адемир Зураповиќ, врвни професионалци, сите со знакот на ФИБА. Освен тоа, за време на дводневниот вебинар, 26-27.септември (сабота/недела), комесарот за натпреварување при КФСМ, Сречко Хорват, ќе ги запознае присутните и со протоколот за сезоната 2020/2021. Инаку, како дел од активностите на вебинарот, СККФСМ организира практично полагање на судии, и теоретско онлајн полагање за судии и за делегати за натпреварувачката сезона 2020/2021. Aгенда за претсезонски судиски вебинар 2020 26.септември (сабота) 17.00 – 18.00: „Отворање на вебинарот” – Елена Велкоска, Даворин Накиќ, „Флоп” Даворин Накиќ, Миодраг Личина 18.10 – 19.05: „Блок/Пробивање” – Андреј Јелен, Александар Глишиќ 19:15 – 20.00: „Неспортска грешка – критериуми” – Миодраг Личина, Александар Глишиќ 20.10– 21.00: „Момент на шут и landing фаул” – Андреј Јелен, Адемир Зураповиќ 21.05 – 21.45: „Карактеристики на модерен судија и модерно судење” – Александар Глишиќ, Адемир Зураповиќ *Помеѓу секое предавање предвидено е десетминутен одмор 27.септември (недела) 17.00 – 18.00: „Измени на кошаркарски правила 2020” – Ѓорѓи Пиперков 18.10 – 19.05: „Двојна свирка” – Александар Милојевиќ 19:15 – 20:10: „Механика за тројца: Индивидуални судиски квалитети” – Игор Митровски 20.20– 21.15: „Грешки при контрола на топка и момент на шут” – Иван Мијалковски 21.20 – 21.35: „Протоколи за натпреварувачка сезона 2020/21” – Сречко Хорват 21.35 – 21.40: „Затварање“