Петар Денковски нов Национален ФИБА инструктор

Објавено на 02 септември, 2025
КФСМ Судии
...

На 24.6.2025 година, Управниот Одбор на КФСМ, на предлог на Судиската Комисија, донесе одлука да го назначи колегата Петар Денковски за нов Национален ФИБА инструктор во Македонија.

Петар е поранешен судија со тридецениско искуство во македонските лиги, и над дваесет години искуство како ФИБА судија.
Моментално е контролор во лигите на КФСМ, како и активен делегат, инструктор и контролор во ФИБА.

На колегата Денковски му посакуваме успешна, плодна и долгогодишна работа, како и успешна соработка со СККФСМ.