За прв пат во Македонија, татко и ќерка од Струга судеа кошаркарски натпревар

...

Овој натпревар беше посебен по тоа што за прв пат на еден кошаркарски натпревар судеше судиска двојка составена од татко и ќерка, односно за кошаркарските судии Драге Мицкоски и ќерката негова Сара Мицкоска.

„Сара уште од мали нозе доаѓаше со мене на натпреварите, покажуваше многу голем интерес за кошарката, најпрво тренираше кошарка, а потоа се посвети на тоа од мене да учи како се станува кошаркарски судија. Последниве три месеци интензивно се подготвуваше да дебитира како судија заедно со мене. Судиската комисија при Кошаркарската федерација на Република Северна Македонија го следи трендот на млади судии како во FIBA, а токму оваа година е година на жената во FIBA.“ - изјави Драге Мицкоски за Strugaonline

Текстот и фотографиите се превземени од порталот Strugaonline