Раде Јанков е најдобриот, Ема Никочевиќ е најперспективен судија за 2022 година на Град Скопје

Објавено на 28 Декември, 2022
Семинар Судии
...

Раде Јанков ја доби главната награда, прогласен е за најдобар судија во судиската организација на град Скопје за 2022 година.

По потекло од Кавадарци, но веќе со еднодецениски стаж, „жител“ на град Скопје, доволна причина да биде номиниран, a потоа и да биде избран за најдобар за оваа 2022 година.

Благодарам за признанието. Доаѓам од Кавадарци, но сега сум во Скопје, Ми значи ова многу, убаво е што ве гледам во волкав број. Посебно ми е драго што гледам толку членови од понежниот пол, што кажува дека сме поразлични од претходно.
Самата награда не ја доживувам толку лично, сакам да ја споделам со една постара генерација. Тука се луѓе кои ме подржуваа и сеуште го прават тоа, делегати, контролори, поранешни комесари, моментално колеги судии, потоа една постара група на судии, од кои што учев и сеуште учам. Тука се и помладите судии, кои што нас, средната генерација, помалку нè туркаат. Конкуренцијата е здрава работа, нè тера да се трудиме, да учиме уште, да напредуваме. Секако тука се и најмладите оние кои не помагаа на записник, помошни судии или сега стануваат судии, кои што веројатно семафорот за 14/24 го знаат подобро од некои нас. Убаво е чувството, да сте здрави и живи, посакувам да сме многу повеќе заедно
“- порача добитникот на наградата најдобар „скопски судија“ за годинава која полека ја оставаме зад нас.

Ема Никочевиќ го доби признанието за најперспективен судија во главниот град:

„Сакам да ви заблагодарма на сите, ова е важен момент за мене во моата кариера. Сакам да и се заблагодарам и на Андријана, која ме поддржуваше во овој период. Ова е поттик за мене, дополнителен, да продолжам да го работaм ова најдобро што можам“.