Судиската комисија организира претсезонски семинар за судии и делегати

Објавено на 21 Септември, 2023
Семинар Судии
...

И оваа година подготви една обемна програма која ќе биде реализирана во текот на 23 и 24.септември во Скопје

Судиската комисија се потруди и оваа година да подготви една обемна програма која ќе биде реализирана во текот на 23 и 24.септември (сабота и недела), во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, како и во големата сала на СРЦ„ Кале“.

Во улога на предавачи ќе бидат нашите претставници со знакот на Светската кошаркарска организација, националниот ФИБА инструктор, Ѓорѓи Пиперков, Игор Митровски, ФИБА судија и ФИБА ФРИП 1 инструктор, Петар Денковски, ФИБА ФРИП1 инструктор и видео-контролор во ФИБА, и комесарот за натпреварување, Александар Милојевиќ.

Согласно со планираните активности, семинарот ќе биде поделен во три сегменти:

  • Физички (Легер Тест) за судии од сите групи
  • Едукативен теоретски дел
  • Теоретски тест за судии и делегати