Успешен полусезонски семинар во организација на Судиската Комисија при КФСМ

Објавено на 20 Јануари, 2023
Семинар Судии
...

На ден 15.1.2023 година во Скопје се одржа полусезонски семинар во организација на Судиската Комисија при КФСМ, на кој судиите беа подложени на проверка на физичката подготвеност, а потоа се одржаа серија предавања на која се разговараше за работата на службените лица во првата полусезона, и тоа:

  • Зоран Николовски, делегат-контролор и член на СККФСМ, се осврна на Контролите на судење во првата полусезона, со посебен акцент на нивно навремено, прецизно и квалитетно изработувањe;
  • Ѓорѓи Пиперков, Националниот ФИБА инструктор, имаше презентација за ситуации на неправилен блок;
  • Игор Митровски, меѓународен судија, член на СККФСМ и FRIP 1 инструктор, преку практични примери и видеа презентираше Механика на судење и Индивидуални техники на судење;
  • Петар Денковски, меѓународен делегарт и FRIP 1 инструктор одржа предавање на тема неспортска грешка.

Комесарот за натпреварување Александар Милојевиќ, пак, се осврна на работата на службените лица во првиот дел од сезоната и очекувањата за вториот дел од сезоната, со насоки и укажувања за судиите, делегатите и делегат-контролорите.

Сите предавања беа поддржани со видеа од домашните и од странските лиги, врз чија основа се утврдуваа заедничи критериуми за понатамошниот дел од сезоната.

Видео од полусезонскиот судиски семинар.