Феревски го судеше финалето, а Павлов мечот за трето место на „Фајнл-Фор“ турнирот на БИБЛ
Објавено на 01 Мај, 2023
ФИБА
Судии
Македонија имаше свои претставници и на двата најважни натпревари во Балканската лига. Оној кој го даде новиот шампион во ова натпреваруавње, но и екипата која го заземе третото место.
Алија Феревски ја доби честа заедно со своите колеги Диамантис Лордос (Грција) и Сава Цветковиќ од Црна Гора да го суди големото финале од „Финалните четири“ во Стара Загора кое се одигра на 30.04 од 19.30 часот, а во кое се сретнаа израелскиот Хапоел Бер Шева и косовскиот Пеќ.
Од 17. часот (по локално, бугарско време) пак ќе се игра т.н. „мало финале“, во кое играат Берое и Милениум, а кое го арбитрираше вториот наш судија со знакот на ФИБА, Александер Павлов, заедно со Јоанис Аграфиотис (Грција) и Стефан Кубуровиќ (Црна Гора).