Судиите Давидов и Јакимовски беа дел од јуниорскиот турнир од Евролигата
Судиите Александар Давидов и Никола Јакимовски беа дел од ,,EUROLEAGUE BASKETBALL ADIDAS NEXT GENERATION TOURNAMENT, кој изминатата недела се одржа во Белград.
Двајцата македонски судии одлично го одработија својот дел од обврските на собирот на кој се натпреваруваа осум екипи (играчи во јуниорска конкуренција). За тоа беа наградени, да бидат дел од судиските тројки за финалниот ден од турнирот во главниот град на Србија.
Во финалето, екипата на Mега Мис ја совлада екипата на Црвена Ѕвезда од Белград, а честа да го суди финалето ја имаше нашито судија со знакот на ФИБА, Александар Давидов.
Македонија имаше свој претставник и во „малото финале“, односно натпреварот за третото место, во кој екипата на NGT Belgrade team ја совлада екипата на Инсеп од Париз, во кој правдата ја делеше Никола Јакимовски.