Како прва дама-делегат на највисокото натпреварување, Елена Велкоска испиша историја во Македонската кошарка

...

Значаен ден за дамите во македонската машка кошарка.

HerWorldHerRules

Минатиот викенд, во рамките на третото коло од Првата Лига во машка конкуренција, за првпат во историјата на Македонската кошарка на теренот функцијата Делегат ја извршуваше една дама – Елена Велкоска.

Натпреварот кој секогаш ќе остане запаметен во нејзината меморија, но и во историјата на мак-баскетот, се одигра на 16ти октомври помеѓу екипите на МЗТ Уни Банка и Гостивар, со победа на гостинската екипа.

Следејќи ги трендовите во европската кошарка, каде следниот период 2021 – 2023 е прогласен за период на интензивна инклузија на дамите во кошарката, евидентен е и напредокот на нашите дами во светот на официјалните лица, па така оваа сезона имаме рекорден број на жени судии и делегати на сите нивоа и натпреварувања во С. Македонија.

Елена Велкоска, неколкугодишен делегат во сениорските лиги при КФСМ, скоро 2 години е и првата жена претседател на Судиската Комисија при КФСМ. Се надеваме дека ова ќе побуди уште поголем интерес за вклучување на дамите во сите нивоа на натпреварување во македонската кошарка...