Милојевиќ и Павлов на Фајнл Фор на BIBL лигата во Израел

...

Уште едно големо признание за македонските судии, овојпат од регионалната балканска лига БИБЛ, која на завршницата од својата 13та сезона покани двајца меѓународни арбитри – Александар Милојевиќ и Александер Павлов.

Уште едно големо признание за македонските судии, овојпат од регионалната балканска лига БИБЛ, која на завршницата од својата 13та сезона покани двајца меѓународни арбитри – Александар Милојевиќ и Александер Павлов, и со тоа им довери голема доверба и чест да бидат дел Фајнл Форот кој ќе се одигра во Израел.

За Милојевиќ ова е трет фајнл фор, додека Павлов првпат е дел од завршницата на оваа лига во чие ковид-издание партиципираа осумнаесет клубови од регионот и Израел. Нашите двајца највозрасни судии, заедно со Огнен Јокиќ и Милосав Калуѓеровиќ од Црна Гора, Стилианос Сименоидис од Грција и Оффер Манхајм од Израел, го сочинуваат судискиот тим кој ќе се погрижи битката за тронот меѓу двете бугарски и двете израелски екипи да помине во најдобар ред.

Фајнл Фор турнирот ќе се одржи од 27 – 29 април во Тото арената во Холон – Израел, а учествуваат БЦ Берое и БЦ Акадамик Пловдив од Бугарија, Хапоел Холон и Хапоел Гилбоа Галил Б.Ц. од Израел.

Номинациите за полуфиналните двојки се веќе познати, па така Павлов ќе го суди првото полуфинале меѓу Берое и Академик Пловдив, додека Милојевиќ е прв судија на израелскиот полуфинален двобој меѓу Холон и Гилбоа Галил.

На колегите им посакуваме успешно отсудени натпревари и достојно претставување на македонската судиска фела на завршницата од тринаесеттата сезона во БИБЛ лигата.