Игор Митровски на Фајнл Фор на Fiba Europe Cup во машка конкуренција

...

Големa чест и одговорност му е доделена на еден од нашите најдобри македонски судии – Игор Митровски, со неговата номинација да биде еден од 9- темина судии кои ќе ги судат натпреварите од завршниот турнир во едно од најмасовните натпреварувања во машка конкуренција, во организација на Fiba Europe.

Ова е вкупно трет Фајнл фор на Игор Митровски во FIBA Europe и заедно со колегите Мартин Хорозов (Бугарија), Луис Ларока (Шпанија), Танел Суслов (Естонија), Томас Бисуел (Франција), Пауло Маркес (Португалија), Борис Крејич (Словенија), Зденко Томасович (Словачка) и Керем Баки од Турција, ќе се потрудат да го дадат својот максимум и максимално коректно да ја завршат оваа сезона полна со предизвици заради светската пандемија...

Фајнл Фор турнирот ќе се одржи од 23 – 25 април во Тел Авив – Израел, а учествуваат Аргед БМСЛАМ Стал (Полска), БЦ Парма (Русија), ЦСМ ЦСУ Орадеа (Романија), Ирони Несс Зиона (Израел).

На колегата Игор му посакуваме успешно судење и достоинствено претставување на македонската судиска фела пред европските влубеници во кошарката.