Судиската Комисија при КФСМ го испрати во судиска пензија колегата Милојевиќ

...

На завршната церемонија по финалниот натпревар од кошаркарскиот Куп „Благоја Георгиевски Буштур“ во машка конкуренција, одиграно на 16ти мај, Судиската Комисија при КФСМ ги испрати во судиска пензија колегата меѓународен судија Александар Милојевиќ.

Милојевиќ започнува со судење во 1992ра година, станува Државен судија во 1996та, а со знакот на ФИБА се стекнува во 2001 година. Во својата скоро тридецениска кариера, во Македонија има отсудено десетици финалиња од Плеј-оф и Куп натпреварите, а во меѓународни рамки има судено 13 сезони во БИБЛ лигата (3 пати на Фајнл фор), 20 сезони во ФИБА (2 пати на Фајнл фор, 4 Европски првенства, 3 сезони во БЦЛ),6 сезони во АБА лигата, како и 5 сезони во Евролигата.

Претседателката на СККФСМ, Елена Велковска, му врачи пригоден врамен дрес од оваа натпреварувачка сезона на актуелниот комесар Милојевиќ и со тоа на свечен начин од името на сите членови го означи крајот на неговите судиски ангажмани во земјата, со желба неговото искуство и знаење уште долги години да го пренесува на младите генерации кои допрва ја градат својата судиска кариера.